Швајцарците дадоа „зелено светло“ за фудбалот

Швајцарската фудбалска Лига доби зелено светло за продолжување на првенството на 8. јуни за кога е предвидено да продолжи шампионатот. Натпреварите, секако, ќе се играат без публика.

До крајот на првенството има уште 13 кола, а на првото место Јанг Бојс и Сент Гален имаат ист број на бодови.

Екипите ќе можат да почнат со тренинзи на 11. мај со не повеќе од пет лица. Во Швајцарија сите настани на кои ќе има групирање на повеќе луѓе, се забранети до крајот на август.

sportmedia.mk

InterServer Web Hosting and VPS