Францускиот претседател Макрон лобира да нема фудбал во Европа до септември

Откако Франција ја суспендираше Лига 1 со продолжување на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирус и ги суспедираше сите спортски активности до септември, претседателот на една од најмоќните европзки земји Емануел Макрон сега лобира кај најголемите и најважни земји на Стариот континент да го следат францускиот пример.

Според еден од најугледните француски весници „Ле Паризиен“, Макрон се вклучил сериозно во лобирање кај Англија, Германија, Италија и Шпанија за да се откаже актуелната сезона, за која УЕФА веќе го расчисти календарот за да се доигра летово. Според весникот, Макрон веќе ѝ дал задолженија и на министерката за спорт на Франција, Роксана Марасинену да започне билатерални разговори со своите колеги и практично да ги убеди да постапат на ист начин како Франција, а сето тоа поради жестоката борба со пандемијата која ја покоси Европа, а токму најразвиените земји се најмногу загрозени и се најмногу на удар.

Ако најсилните лиги од „лига петка“ практично ја суспендираат сезоната тоа веројатно ќе значи и суспензија на колмпетниот европски фудбал, зашто тешко за верување е дека би можела да се доигра сезоната во Лигата на шампионите или Лига Европа.

Италија засега е многу поблизу да ја откаже сезоната отколку да ја продолжи, за петок Ангела Меркел, канцеларката на Германија треба да се произнесе околу најавите за продолжување на Бундеслигата, а за истиот ден е закажан и состанок на Премиерлигата околу утврдување на термин за рестарт. Шпанците веќе го објавија планот за продолжување на сезоната, со почеток на индовидуални тренинзи од понеделник, но…

Овие шокантни информации доаѓаат само 24 часа откако главниот лекар на ФИФА, Мишел Д’Ог посочи дека фудбалот не треба да се игра до септември зашто сега е прашање на „живот и смрт“, додека од УЕФА остануваат категорични на ставот дека има услови за игра, па многу е нејасно зошто двете најмоќни фудбалски институции имаат толку спротивставени ставови.

InterServer Web Hosting and VPS