Први фотографии на Hyundai Elantra N Line

Производителот на автомобили од Јужна Кореја, Hyundai, неодамна, го објави првиот „маскиран тизер“ од перформанс моделот Elantra N Line…
Новата Hyundai Elantra ќе биде достапна и во N Line варијанта, а од компанијата од Јужна Кореја и понатаму се таинствени кога станува збор за техничките спецификации на новиот спортски модел, а во тајност го чуваат и датумот на лансирањето на автомобилот.

Сепак, од Hyundai откриваат дека новата Elantra N Line ќе добие неколку надградби на шасијата, нов турбо мотор и неколку визуелни промени.

Од Hyundai истакнуваат дека Elantra N Line ќе пристигне со турбо мотор, но не откриваат повеќе детали.

Во автомобилскиот свет циркулираат шпекулации дека се очекува турбо бензински мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 1,6-литри, истиот што се вградува и во Elantra GT N Line хечбек моделот, со 201 КС.

Истите спецификации се очекуваат и кај Elantra N Line, со тоа што би пристигнал во комбинација со мануелен менувач на брзини со шест степени на пренос или со седум степени и двојна спојка, автоматски, со погон на предните тркала.

Од Hyundai ќе направи и неколку исправки на шасијата со цел да се подобри управливоста на автомобилот и да се создаде подобра динамика во возењето. Според некои очекувања, продукцискиот модел би требало да го видиме во на лето, тековната 2020 година, а продажбата се очекува да започне есента.

И покрај тоа што Hyundai објави фотографии од Elantra N Line прекириена со дебел слој на маска и не може да се добие јасен увид во промените, сепак треба да се очекува поспортски body kit и спортски систем на потпирање на автомобилот.

Од друга страна, подолго време се шпекулира и за тоа дека Hyundai подготвува и „чиста“ Elantra N што би била опремена со турбо бензинец, со четири цилиндри но со работен волумен од 2,0-литри, со моќ од 275 КС што ќе се имплементира и во моделот што треба да пристигне – Kona N.

Ако може да се верува на информациите, купувачите ќе можат да бираат меѓу мануелен менувач со шест степени на пренос на силата, или осум степен автоматски менувач со двојна спојка, што неодамна беше претставен кај Veloster N.

InterServer Web Hosting and VPS