Корона во затвор во Лос Аџелес, заразени над половина затвореници

Над половина затвореници во федералниот затвор во Лос Анџелес се позитивни на Ковид-19, а двајца починале, соопшти денеска американското Биро за затворски систем.

Од вкупно 1.055 затвореници, 570 имаат вирус, како и 10 припадници на обезбедувањето, пренесува агенцијата АП.

Многу од затворениците се асимптоматски пациенти.

„Бирото за затвори и Министерството за правда мора веднаш да реагираат за да ги заштитат затворениците, како и затворскиот персонал и членовите на обезбедувањето“, рече сенаторката Камала Харис.

InterServer Web Hosting and VPS