Спасовски: Апликацијата „Стоп корона“ покажува дали сте биле во близина на заразен со коронавирус

Премиерот Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Стоп корона“, која ја евидентира непосредната близина на заболен со ковид-19, во изминатите 14 дена.

– Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од ковид-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем. Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи – порача Спасовски.

InterServer Web Hosting and VPS