Почна испораката на ексклузивниот Bugatti Divo вреден пет милиони евра

Од Bugatti ја започнува испораката на ексклузивниот моделот Divo чија серија е ограничена на само 40 примероци, а секој од нив чини неверојатни пет милиони евра, но освен тоа постои и „јадец“, може да го нарача само купувач кој во својата гаража веќе има Bugatti Chiron…

Во летото 2018 година беше прикажан првиот модел на Bugatti Divo, автомобил кој е во ограничена серија и кој веднаш го доби називот најексклузивен автомобил на пазарот.

Креацијата Divo пред себе имаше тешка задача, да биде поинаков од Chiron, но и да биде подобар.

За време на развивањето на шасијата, Divo помина повеќе од 5.000 км и разви брзина од 368 км/ч во еден момент, а инженерите успеаја да го олеснат за 35 кг.

Причина за тоа е и фактот дека голем дел од компонентите се направени од карбон.

По две години тестирање, првиот од 40-те купувачи, на колку што примероци е ограничен моделот Divo, го доби својот ултра спортски модел.

Заснован на платформата на Chiron, Divo за погон има единствен агрегат со работен волумен од 8,0-литри, со 16 цилиндри поставени во форма на латинската буква W, што со помош на четири турбо полначи развива моќност од 1.500 КС и 1.600 Nm максимален вртежен момент.

Полесен и покрут од Chiron кој развива 420 km/h, Divo достигнува максимална брзина од „само“ 380 км/ч.

Но максималната брзина не била приоритет на конструкторите во Bugatti, бидејќи овој модел пред се е наменет за купувачите кои повеќе го ценат снаоѓање на автомобилот во свиоците, што и не е најголемата предност нa стандардниот Chiron.

За да дојдат до посакуваната цел, тест возачите на Bugatti на чело со шефот Ларс Фишер, автомобилот го тестираа и го „штелуваа“ без малку две години. После се, мерењата на славната патека Nardo покажаа дека Divo според времето на извозен круг е побрз од Chiron за дури осум секунди, а „виновни“ за тоа се поинаку подесен систем на потпирање и аеродинамичните решенија со кои се подобри снаодливоста во свиоците.

Веќе е познато дека сите 40 примероци од автомобилот чија цена изнесува фантастични пет милиони евра ќе се најдат во гаражите на сопствениците кои веќе го поседуваат моделот Chiron.

InterServer Web Hosting and VPS