Кинески лекари ќе ги тестираат Саудијците од Ковид 19 за 264 милиони долари

Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19.

Договорот предвидува 500 кинески здравствени работници да бидат ангажирани во шест лаборатории, што треба да се изградат во Саудиска Арабија.

Во Саудиска Арабија регистрирани се повеќе од 17.000 заразени луѓе со новиот коронавирус, од кои починале 130 лица.

InterServer Web Hosting and VPS