Филипче: Санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне најдоцна до вторник

Скопје, 26 април – Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести утре до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или најдоцна до вторник, бидејќи е констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја корисат.

-Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести достават предлог до Владата санкционирањето за неносење заштитна опрема да
почне веднаш, односно утре или најдоцна во вторник. Сакам повторно да алпелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната
опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од 2 метри, рече на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака.

-Има и граѓани кои ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот. Досега сите мерки дадоа
резултати. Уверен сум дека и оваа мека како и сите претходно за кои има оправданост ако дослно ја почитуваме ќе се заштитиме и себе си и
нашите семејства и согражаните, ќе превенираме раст на број на заболени кој еве веќе два месеци е еден процек кој одлично го држиме под контрола.

InterServer Web Hosting and VPS