Ако ги направиме овие две работи, корона вирусот повторно може да избувне!

Научниците издвоија два очекувани типа на човечко однесување кои се закана за контролирање и ставање крај на епидемијата на корона вирусот.

Многу земји сè уште се во карантин и луѓето ги напуштаат своите домови само кога е потребно, кај нас, полицискиот час е сè уште на сила, но многу земји почнаа да ги олабавуваат мерките.

Ова е неизбежно затоа што ние мора да се вратиме во нормалниот тек на животот, но она што е клучно сега е како луѓето ќе се однесуваат – зависи од тоа дали конечно ќе заврши светската пандемија.

Експертите посочуваат дека се плашат од следниве две вообичаени човечки реакции:

Заборавен страв

Откако стравот и паниката ќе попуштатт, а работите се подобрат, луѓето имаат тенденција премногу да се релаксираат и целосно да ги занемарат епидемиските препораки што ги почитуваа. За ова чудовиште конечно да исчезне, ние сепак треба да ги следиме основните правила: одржување дистанца, носење заштитна опрема, особено ако имате респираторни симптоми …

Занемарување на здрави навики

Со олабавување на мерките на претпазливост, луѓето исто така го занемаруваат и имунитетот, односно враќање на лошите навики како што се нездрави диети, слаб сон, избегнување вежбање … Сето ова може да го ослабне имунитетот и да нè направи подложни на вирус кој сè уште постои кај граѓаните на секоја земја.

InterServer Web Hosting and VPS