Дали Серена Вилијамс и го дала бројот од Ким Кардашијан на Меган Маркл?

Ким Кардашијан и Серена Вилијамс се добри пријателки. Ким беше гостинка на свадбата на Серена, а Серена пак, беше гостинка на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари. Бидејќи Серена е блиска и со Ким и со Меган, веројатно ќе сака да ги запознае меѓусебно овие две жени, особено сега кога Меган Маркл е повторно во Лос Анџелес.

Еден извор вели дека Ким е многу возбудена и нетрпелива да ја запознае Меган. Но, изворот исто така вели дека Меган воопшто не е заинтересирана да ја запознае Ким Кардашијан, ниту да има било што со кланот Кардашијан/Џенер.

Моментално Меган Маркл и принцот Хари се привикнуваат на новиот живот во Лос Анџелес откако ги напуштија кралските обврски, но се чини дека се многу внимателни во изборот со кого да се дружат. Има шпекулации кои зборуваат дека работите за принцот Хари и Меган Маркл не одат онака како што очекувале, а со ситуацијата со коронавирусот тие се чувствуваат изолирано.

Во врска со евентуалната дружба Маркл-Кардашијан, изворот наведува потенцијална причина зошто Меган не сака да стане пријателка со Ким

“Тоа е стратешки потег на Меган. Серена мисли дека Меган е будалеста, да не речам некултурна, и ова фрла дамка на нивното пријателство”

Како и да е, сакале или не, се чини дека по завршување на пандемијата, патиштата на Ким и Меган секако ќе се вкрстат бидејќи ја имаат Серена за заедничка пријателка.

InterServer Web Hosting and VPS