Ибрахимовиќ ќе игра за Хамарби

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе учествува на пријателски натпревар на Хамарби. За време на паузата во Серија „А“ заради коронавирусот, 38-годишниот Швеѓанец се врати во татковината каде што одржува форма со локалниот клуб.

„Дали сакате да ме видите како правам магија? Погледнете ме во акција со Хамарби во петок“, напиша Ибрахимовиќ на Твитер.

Ова се клупски мечеви во затворен простор кои ќе се играат зад затворени врати. Играчите ќе бидат поделени во три екипи и ќе се соочат едни против други. Дуелите ќе бидат пренесувани во живо.

Спортскиот директор на Хамарби, Jeспер Јансон, исто така, потврди дека во дуелите ќе учествува Златан Ибрахимовиќ. Според него, напаѓачот ќе формира напаѓачки дует со Абдулахман Калили и Имад Калили.

Ибра реши да остане во Шведска, иако неговиот италијански клуб Милан ги повика неговите странски фудбалери да се вратат во Италија. 38-годишникот смета дека условите во Стокхолм се подобри отколку во Италија, каде сè уште луѓето се во карантин поради кризата со коронавирусот.

Извор од Милан објасниле за „Спортбладет“ дека клубот бил информиран за плановите за пријателски натпревари и му дал дозвола на Ибрахимовиќ да учествува во нив.

InterServer Web Hosting and VPS