Во Косово 26 новозаболени, 10 излекувани и ниеден починат од Ковид-19

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 26 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вклучително новите потврдени случаи на заболени, официјалната бројка на носители на новиот коронавирус во Косово достигна до 630.

Вчера се евидентирани и нови девет излекувани од заразната болест, согласно методите пропишани од Светката здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата се зголеми на 138.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 172 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.372.

Најмногу новозаразени во средата, вкупно осуммина, се евидентирани во општината Каменица, по четири нови случаи има во Исток, Пеќ и Витина, три во Урошевац и по еден во Призрен, Штимле и Звечане.

Во главниот град на Косово, Приштина, трет ден по ред не е потврден ниту еден нов носител на новиот коронавирус.

ИШПК објави дека вчера во земјата не е регистриран ниеден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово останува 18.

InterServer Web Hosting and VPS