УЕФА и ЕКА го поставија 31 јули како краен датум за завршување на домашните првенства

УЕФА и ЕКА (Европската клупска асоцијација) се договориле домашните првенства да бидат комплетирани до крајот на јули за во август да може да се одиграат мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека УЕФА и ЕКА се договориле домашните лиги да бидат завршени најдоцна до 31 јули.

А август да биде оставен за завршување на Лигата на шампионите и Лига Европа.

УЕФА препорачува домашните лиги да не се прекинуваат и да се завршат, но нема да се меша доколку тоа не се направи.

Нив најважно им е до 31 јули да имаат листа на тимови кои ќе се квалификуваат за европските натпреварувања следната сезона.

InterServer Web Hosting and VPS