Хрватска има 1.908 случаи на коронавирус, се очекува олабавување на мерките

Бројот на заразени лица со Ковид-19 е зголемен за 27 за 24 часа во Хрватска, едно заразено лице починало, а шефот на Националната канцеларија за цивилна заштита соопшти дека излезната стратегија за искоренување на епидемиолошките мерки треба да заврши до крајот на неделата и да се спроведе во фази.

Вкупниот број на заразени лица изнесува 1.908, а на починатите 48.

Споредено со претходниот ден, излечени се 30 пациенти, а вкупниот број на излечени пациенти се зголеми на 801. Од почетокот на епидемијата, тестирани се 26.227 лица, вклучително и 664 во изминатите 24 часа, што дава процент од 7,26 позитивни лица меѓу тестираните.

До крајот на неделата треба да се знае како ќе изгледа олабавувањето на мерките. Воспоставувањето меѓуградски сообраќај се спомнува како една од првите мерки, но треба да се внимава на физичката оддалеченост. Тоа значи дека, на пример, може да има ограничен број патници во автобусот.

Продавниците ќе се отворат според важност за функционирањето на општеството, но сигурно не сите одеднаш. Така, работното време, исто така, ќе биде постепено продолжено, прво во малите продавници. И понатаму ќе се чека во редица за набавки бидејќи останува ограничениот број на купувачи во оваа втора фаза. Од другите услужни дејности, први се отвораат оние за кои не е потребен физички контакт и не се угостителски, под услов да можат да обезбедат физичко растојание помеѓу корисниците.

Свадби и погреби ќе можат да се одржат. Прво, тие ќе бидат ограничени на 10, а потоа на 30 лица. Овој број постепено ќе се зголемува, но под услов да има физичко растојание.

Детските и спортските игралишта ќе бидат отворени кога ќе се отворат училиштата, но со правила за максимален број луѓе што се рекреираат во исто време.

InterServer Web Hosting and VPS