Мурињо нe ги скроти ѕвездите: Двајца фудбалери на Тотнем не ги почитуваа мерките!

Жозе Мурињо направи грешка пред десетина дена кога со своите фудбалери ја одржуваше формата во парковите во Лондон во ек на пандемијата на коронавирусот, по што Португалецот се извини поради тој потег.

Мурињо не успеа да ги скроти неговите првотимци кои повторно ги прекршија мерките на Владата, а во главна улога се Серж Орие и Муса Сисоко.

Десниот бек објави снимка како трча со соиграчот, по што веднаш го избриша видеото од неговиот профил на Инстаграм.

Подоцна тие во заедничко соопштение се извинија поради нивниот потег, па решија и да донираат финансиски средства до здравствениот систем на Англија.

InterServer Web Hosting and VPS