Од утре Центарот за јавно здравје во Велес затворен, тројца вработени позитивни

Центарот за јавно здравје во велес од утре е затворен бидејќи тројца работници се заболени од корона вирус па поради тоа и останатите вработени мора да останат дома во карантин.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски реагира до надлежните Велес не смее да се остави без земање на брисеви.До сега тоа се правеше во зградата на поранешното основно училиште Јордан Хаџи Костандинов Џинот.

-Тоа значи дека од утре јавна институција во Велес нема да има која ќе земе брисеви од останатите граѓани а кои имаат потреба. Надлежните да го решат проблемот и утре да има мобилна екипа да не престане процесот на скенирање.

Градоначалникот побарал од Комисијата за заразни болести да процени дали маркетот во кој цела смена се инфицира од вработена, е безбеден да работи.

37 вработени во големиот трговски објект се тестирале во една приватна болница и сите биле негативни.

  • Имам сознанија дека можеби менаџментот на таа компанија не ги дава вистинските податоци до државниот санитарен инспекторат. Членови на семејства на вработени се заразени.

Со случајот на заболени во маркетот Велес се искачи на листата градови со заболени од корона вирус. Таму денеска регистриран е еден заболен. охрабрувачка е бројката и на ниво на целата држава, од Министерството за здравство објавуваат дека во последното деноноќие има 18 новозаболени од корона вирусот, најмногу во Куманово, вкупно 9. Излекувани се 21 пациент кои седеле дома, а тројца починале, жена на 46 години од Лабуништа, 71 годишен од Прилеп и 63 годишна од Куманово, сите се лекувале на респиратор. До сега во земјава има 1225 заболени од вирусот, а направени се вкупно 12 133 тестирања.

InterServer Web Hosting and VPS