Тотенхем во преговори со Покетино

На крајот на минатата година Тотенхем одлучи да се раздели со Маурисо Покетино, на негово место го постави Жозе Мурињо.

И покрај тоа што Покетино не е стратег на овој тим, челниците на клубот имаа финансиски обврски кон него. Тотенхем има должност да му исплати 10. милиони евра годишно до завршување на договорот или додека не најде нова екипа.

Но, овие денови двете страни „седнаа“ да преговараат. Поради коронавирус, Тотенхем ќе се обиде да го наговори Покетино на намалување на неговата плата додека трае пандемијата.

Дали истите ќе завршат успешно, останува да биде познато во најскоро време. Ова е нова мерка на премиер-лигашот, кој се најде на мета на критики откако одлучи вработените во тимот да ги прати на неплатен одмор.

InterServer Web Hosting and VPS