Руни со пофалби за работата на Јирген Клоп

Германецот пристигна во 2015. година на Енфилд и оваа сезона успеа да го доведе Ливерпул до титулата во Лигата на шампионите, а во англиската Премиер лигата остана без титулата поради заостанувањето од само еден бод зад Манчестер Сити.

Од своето доаѓање во Ливерпул, Клоп ги собра симпатиите на навивачите на овој тим, а и Руни призна дека фантастично ја работи својата работа.

Јирген е тренер за кој секој професионалец би сакал да игра – вели поранешниот играч на Јунајтед и додава:

Можете да кажете по неговите играчи колку им е забавно со него. Го запознав неколку пати, тој е фантастична личност. Неговата единствена грешка е што работи во Ливерпул и таму има успеси.

Имам голема почит кон Јирген Клоп и она што досега го направи. Не само во Ливерпул туку и во Дортмунд. Ги има најдобрите години пред себе – додаде Руни.

InterServer Web Hosting and VPS