Познато е колку RAM и каква батерија има iPhone SE (2020)

Apple вчера официјално го објави новиот iPhone SE (2020), кој пристигнува како нов најповолен модел на компанијата, во кој е вклучен моќниот A13 Bionic процесор. Покрај тоа, пристигнува во верзии со 64GB, 128GB и 256GB простор за складирање.

Apple ги објави спецификациите на телефонот, но како и секогаш изостави некои битни карактеристики. Овој пат останавме ускратени за капацитетот на батеријата и количината RAM меморија во уредот.

Сега сајтот на China Telecom откри дека iPhone SE (2020) ќе има 3GB RAM. Оваа информација не се поклопува со некои други извори, кои сугерираат дека смартфонот ќе има 4GB RAM меморија.

Покрај ова, според China Telecom телефонот ќе го напојува 1824mAh батерија. iPhone SE (2020) пристигнува со полнач од 5W во пакетот, а подржува максимално полнење до 18W.

InterServer Web Hosting and VPS