Бјелица стигна на „Максимир“ на преговори за раскин на договорот со Динамо

Ненад Бјелица од Австрија попладнево стигна во Загреб, и моментално е на „Максимир“ на состанок со управата на Динамо за неговиот понатамошен ангажман, пренесуваат хрватските медиуми.

Бјелица веројатно ќе добие раскин на договорот, откако Динамо се реши да го избрка целиот негов стручен штаб, кој не се согласи на намалување на платите.

Сепак, завчера во таборот на „модрите“ се случи пресврт, односно играчите се решија да прифатат кратење на платите, а сега останува само неизвесна судбината на тренерот, но најверојатно е познато дека заминува и дека Адеми ќе добие нов тренер.

sportmedia.mk

InterServer Web Hosting and VPS