Австралија ќе ги продолжи рестриктивните мерки за четири недели

Во Австралија рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот ќе останат во сила уште најмалку четири недели, објави премиерот Скот Морисон.

Тој рече дека Австралија ќе го прошири тестирањето во мај, ќе го подобри својот капацитет за набљудување на заразените лица и ќе планира одговор на секоја понатамошна локална трансмисија, пренесува „Ројтерс“.

Морисон рече дека очекува овие три чекори да бидат завршени за четири недели и дека Австралија потоа ќе размисли за олеснување на ограничувањата што вклучуваат ограничување на движењето на граѓаните и затворање на училишта, ресторани и пабови.

Во Австралија се потврдени 6.462 случаи, 63 смртни случаи и 3.702 излекувани пациенти.

InterServer Web Hosting and VPS