Нафтениот пазар влегува во дефицит, ни договор во ОПЕК не помага

Колапсот во побарувачката на нафта поради пандемијата на Ковид-19 во вториот квартал од годинава ќе доведе до тоа резервите да скокнат до 17,4 милони барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.

Како што се наведува, благ прекин во падот на побарувачката може да се очекува дури во мај, а малку поголем во јуни годинава.

Се преизира дека во април побарувачката ќе биде помала 29 милиони барели дневно, но дека во мај падот ќе биде малку помал – 26 милиони барели, а во јуни 15 милиони барели.

ИЕА наведува дека договорот на ОПЕК+ за намалување на производството на нафта не може да ја компензира побарувачката во светот, но сепак би можел да придонесе за намалување на резервите од овој енергент во втората половина од 2020 година.

Истовремено, се истакнува дека напорите на ОПЕК+ не може во истиот миг да го стабилизираат пазарот на нафта, но не придонесе за ублажување на ситуацијата со прекумерното производство иако сè уште е невозмжно да се согледаат сите последици од оваа криза.

Глобалната побарувачка за нафта е на најниско ниво од 1995 година. ИЕА наведува дека побарувачка за нафта во април годинава паднала на вкупни 70,4 милиони барели дневно. Ако вака продолжи, падот во побарувачката во 2020 година ќе биде најголем во историјата и побарувачката во просек ќе изнеува 90,6 милиони барели дневно.

По објавувањето на извештајот на ИЕА за рекордно ниската побарувачка, цената на нафтата од марката „брент“ падна 5 отсто. Моментната вредност на црното злато изнесува 28,02 долари за барел.

InterServer Web Hosting and VPS