Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш за непочитување на полициски час

Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Радовиш.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од корона вирусот, информираат од обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

InterServer Web Hosting and VPS