Германија ги продолжи мерките за борба против коронавирусот до мај

Германските сојузни покраини постигнале договор пред состанокот со германската канцеларка, Ангела Меркел, за продолжување на мерките за борба против ширењето на пандемијата на коронавирусот до почетокот на мај, објавија германските медиуми.

Така, како што објави весникот „Билд“, повикувајќи се на учесниците на телефонската конференција на премиерите на сојузните покраини, ограничувањата за контакт, забраната на собирите и патувањето треба да останат во сила до 4 мај.

Според истите информации, решено е училиштата, градинките и универзитетите да останат затворени до почетокот на мај. Во врска со постепеното отворање на продавниците, ќе бидат дозволени помали продавници со површина од 400 квадратни метри.

Фитнес-клубовите ќе останат затворени, а за музеите и парковите сè уште е отворено прашањето.

Натпреварите во Бундеслигата може да се одржат, но без публика.

Според „Билд“, сè уште не е постигнат договор за обврската за носење заштитни маски на јавни места, како што е веќе случај во некои сојузни провинции.

InterServer Web Hosting and VPS