Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Легендарниот генерал на армијата на САД Џорџ Смит Патон (George Smith Patton) e една од најважните и нај сликовити фигури во Втората светска војна …
Патон се истакнал као брилијантен командант на оклопните единици во битките во Северна Африка, на Сицилиа, а особено во пресудната битка во Ардените во зимата 1945 година.

Во својата 46 години долга воена кариера бил командант во две светски војни. Историјата го помни како извонреден воен водач, но на моменти нестабилен и непослушен.

Умрел кон крајот на 1945 година од последиците на сообраќајната несреќа во Германија.

По неговата смрт е објавен неговиот дневник ” Војната како јас ја согледав “.

Патон во воениот поход кон Германија, по сојузничкото истоварување во Нормандија, во јуни 1944 година, како командно возило користел модифициран Dodge WC-57.

Тој теренец, што Dodge го изработувал во период од 1942, до 1945 година, адаптиран е во 1944 та, во Англија за потребите на овој американски генерал.

Возилото и од напред и од назад добило две метални плочи како зајакнување и заштита од куршуми, a со оглед на тоа дека служело како командно возило на генерал Патон, било опремено и со специјални сирени и со знаме н генералот со три ѕвезди, колку што Патон имал на еполетите, направено од метал.

Тој Dodge бил вооружен со митралез со калибар од 50 мм, производство на Brauning, што пред се се користел да возврати оган кон непријателските авиони во случај некој од нив да го забележи командното возило на американскиот генерал.

Командниот теренец на генерал Патон внимателно е реставриран и во средината на јуни, годинава, ќе биде понуден на аукција организирана од аукциската куќа WorldWideAuctioneers, а аукцијата ќе се одржи во Оберн, во сојузната држава Индијана.

InterServer Web Hosting and VPS