Заврши кризната состојба во Дебар и Жупа, 10 дена нема новозаболен

После 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот и поминати 30 дена од прогласување кризна состојба, од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава.

Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020.

InterServer Web Hosting and VPS