Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Арсенал

Од редовите на Реал Мадрид се очекува предстојниот преоден рок да биде искористен на максимален начин, а тоа значи ангажман на нови имиња.

Доведувањето на Лука Јовиќ изминатото лето не се покажа како вистински потег, па очигледно е дека тренерот на „кралевите“, Зидан ќе бара нова алтернатива.

Како што пренесува угледниот „Франс Фудбал“, екипата на Реал Мадрид има намера да го купи фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.

Кога сме кај Обамејанг да кажеме дека Габонецот има уште една сезона од договорот со Арсенал, а составот од Лондон би се согласил да го пушти за сума од околу 50 милиони евра.

InterServer Web Hosting and VPS