Германците се против попуштање на рестриктивните мерки

Иако постои позитивен тренд во бројот на новозаболени, Германците се скептични и не сакаат прерано попуштање на мерките преземни против коронавирусот, покажува истражувањето на институтот „Југов“.

Според тоа, 44 проценти сакаат продолжување со рестриктивните мерки по 19 април, а дополнителни 12 проценти се за поголемо заострување.

На друга страна, како што пренесува германскиот дневник „Билд“, 32 отсто се изјасниле за попуштање на мерките, а 8 проценти за целосно укинување.

Подготвеноста за придржување до рестриктивните мерки и натаму е висока – 78 проценти строго се придржуваат, 18 отсто делумно, а само 2 проценти не ги почитуваат мерките.

На овој начин дисциплината, како што произлегува од истражувањето нарачано од агенцијата ДПА, останала на речиси исто ниво како при воведување на рестриктивните мерки кон крајот на март, кога уште 83 отсто навеле дека во целост ги почитуваат мерките.

InterServer Web Hosting and VPS