Овие мачиња и кученца истражуваат огромен аквариум и веројатно овие фотографии се она што ни треба во ова тешко време

Обично, аквариумите и зоолошките градини се преполни со огромен број на посетители. Сега, кога многу јавни места колективно се затворени и тие не се исклучок од ова правило. Во момент кога луѓето се во социјална изолација Аквариумот во Џорџија дозволи друг вид посетители, посетители кои не претставуваат ризик за јавното здравје. 

Дозволете да ви ги претставиме мачињата и кученцата кои се спасени од улица и се донесени од Атланта за да го истражат морскиот свет одблизу. Овие мачиња имаат имиња кои се поврзани со водениот свет: Немо, Дори, Гупи, Баблс и Марлин. Овие љубопитни мачиња сигурно не виделе повеќе риби во своите животи.

Ова не било прв пат Аквариумот во Џорџија и Атланта хуманитарно да соработуваат. Аквариумот бил посетен и од 2 кученца пред извесен период. Тие исто така уживале во нивниот пречек, како што може да се види  на фотографиите. И на рибите не им пречеле  необичните посетители!

Како што би можеле да претпоставите, здружението за спасување животни се соочува со хаос хаос, бидејќи многу животни се нашле на улица. Светла страна е што Немо, Дори, Гупи, Баблс и Мерлин се згрижени. Овој невин начин за публицитет сигурно ќе помогне многу животни да бидат спасени, а по карантинот Аквариумот да добие и многу посетители.

InterServer Web Hosting and VPS