Ракитиќ: Јас не сум вреќа со компири, сам ќе одлучам каде да ја продолжам кариерата

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, ги коментираше информациите дека клубот го вклучува во некаков пакет за размена со Интер.

-Јас не сум вреќа со компири, ќе одлучам сам каде да продолжам кариера. Сакам да бидам таму каде ме ценат. Ако тоа е тука, во ред е, но ако не, тогаш ќе си најдам каде, изјави Ракитиќ.

Оваа сезона, 32-годишниот Хрват одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои направи три асистенции.

Барселона сака да му го понуди Ракитиќ плус пари на Интер во размена за Лаутаро Мартинез.

InterServer Web Hosting and VPS