Османи: Ги известив градоначалниците дека ги имаат на располагање услугите на војската

Попладнево вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи информираше дека ги известил градоначалниците дека од утре ги имаат на располагање и услугите на армијата за цивилни потреби на општинските штабови во борбата против пандемијата.

– Војската ќе се вклучи пример при дистрибуција на производи, дезинфекција, одржување ред или какви било други барања од штабовите. во име на општинските штабови како координатор на истите им се заблагодарувам на министерството за одбрана и армијата, кои сега ја проширија својата асистенција покрај за полицијата сега и на општинските штабови, напиша Оосмани на фејсбук.

InterServer Web Hosting and VPS