(Видео) Медицински работници танцуваат против стрес

Медицински професионалци ширум САД танцуваат како предизвик поставен на социјалните мрежи. Велат дека ова им помага во тешките времиња да ги насмеат и развеселат луѓето за време на пандемијата од корона вирусот.Медицинската сестра Кала Бејкер од болницата „Мерси“ во Спрингфилд, Мисури, танцува на хитот „Savage”.Таа има 35.000 следбеници откако почна да споделува видеозаписи од танцот. Бејкер вели дека нејзините предизвици помагаат во стварање солидарност со здравствените работници ширум земјата, посебно во државите најпогодени од корона вирусот.„Снимките не се наменети за да ја намалат сериозноста н вирусот. Замислени се да бидат мал потсетник на поедноставните времиња и да им се измами насмевка на луѓето“, порачуваат медицинарите.Тим медицински сестри од Универзитетската болница Томас Џеферсон во Филаделфија танцуваа на песната „Level Up”, за да го одржат расположението.Велат дека за овие видеа не трошат заштитна и санитетска опрема.

https://www.instagram.com/p/B-pgQESnkOP/?utm_source=ig_web_copy_link
InterServer Web Hosting and VPS