Денеска 48 нови случаи на Ковид-19

Според известувањето на министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот Фејсбук профил денеска се потврдени 48 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните по градови:
Скопје – 11, – Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2.

Во текот на изминатото деноноќие направени биле и рекорден број на тестови, 496.
Денеска од Клиниката за инфективни болести со два негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани две претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа, Струга (63) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.

InterServer Web Hosting and VPS