Кој би рекол: Напаѓач на Ливерпул го добил името по легендарниот Владе Дивац

Фудбалерот на Ливерпул, Дивок Ориги откри дека името го добил по легендарниот кошаркар Владе Дивац.

Напаѓачот на „црвените“ во интервју за „Бличер репорт“ зборуваше на неколку теми, а една од нив беше како го добил своето име.

„Името го добив по Владе Дивац. Моите родители сакаа да го гледаат како игра и поради тоа ми дадоа такво име“, кажа Ориги.

Белгиецот пристигна во Ливерпул во 2014 година и досега настапи на 133 меча, а во кариерата постигна неколку важни голови во Лигата на шампиони, како тој против Барселона (4-0).

InterServer Web Hosting and VPS