Најбогатите најмногу ќе страдаат: Играчите на ПСЖ остануваат без половина плата!

Кога нема фудбал нема ни ТВ преноси, значи нема пари од ТВ правата, нема пари од билети, нема од ништо, а тоа значи дека ќе мора да се крати. Така е тоа во големите светски клубови, а така е и во Франција. Имено во таа земја најбогатите играчи најмногу ќе страдаат. Во договор со Унијата на фудбалерите и Министерството за Финансии, направена е скала по која на играчите ќе им се крати од платата. За оние што земаат од 10.000 до 20.000 евра месечно ќе се им скрати само 20%, за тие што земаат од 20.000 до 50.000 ќе им се скрати 30%, од 50.000 до 100.000 евра ќе им се скрати 40%. А тие пак што земаат 100.000 евра и повеќе во текот на еден месец, ќе им се скрати 50% или половина.

Ако се знае дека речиси сите или повеќето играчи на ПСЖ, најбогатиот клуб во Франција, земаат над 100.000 евра месечно, тоа значи дека трае кризата платите ќе им бидат намалени за половина.

InterServer Web Hosting and VPS