Манчестер Јунајтед го прави Де Хеа најплатенот голман во фудбалот

Давид Де Хеа ќе стане најплатениот голман во фудбалот, откако постигнал договор со Манчестер Јунајтед за нов долгорочен договор, со кој ќе добива плата од 375 илјади фунти неделно, соопштува „Дејли Меил“.

Надоместокот на 28-годишниот шпански голман во моментов е 200 илјади фунти неделно, а актуелниот договор истекува следното лето.

Новиот договор ќе биде потпишан официјално по враќањето на тимот во Англија од предсезонските подготовки.

Де Хеа одигра 47 натпревари за Јунајтед во последната сезона, а во 10 од нив не допушти гол.

InterServer Web Hosting and VPS