Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617

Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30 откако вчера починаа три нови лица меѓу кои и 27-годишната родилка од Куманово која е најмладиот досега починат пациент во земјава од Ковид-19. Засега се излекувани 37 лица.

Од новорегистрираните 18 пациенти заразени со Ковид-19, седум се од Скопје, четворица од Прилеп, по двајца од Куманово и Битола, и по еден од Кавадарци, Крушево и Кочани. Дури 72-ца од вкупно 617-те заболени се медицински лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово -130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3 и Кочани – 18.
Loading…

InterServer Web Hosting and VPS