Големи ветувања пред важната одлука на ЕУ

BERLIN, GERMANY - FEBRUARY 27: Defense Minister Ursula von der Leyen (CDU) arrives for the weekly German government cabinet meeting on February 27, 2019 in Berlin, Germany. Among items on the morning's agenda are legislation regarding the 2021 census and the strengthening of personnel for Bundeswehr missions. (Photo by Michele Tantussi/Getty Images)

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) денес ќе одлучат дали ќе ја поддржат кандидатурата на германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен за следен претседател на Европската комисија (ЕК), објавува „Јуроњуз“.

На тајното гласање закажано за 18 часот, на Фон дер Лејен ѝ се потребни 374 гласови за да биде избрана како претседателка на ЕК и наследничка на Жан-Клод Јункер.

Доколку европските пратеници ја одбијат нејзината кандидатура, тоа ќе биде силен удар за блокот кој веќе се соочи со сериозни проблеми поради кризата со еврото во последната деценија, одуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ и значителното зголемување на влијанието на десничарските партии.

Таа беше номинирана за една од главните позиции во блокот од лидерите на ЕУ, иако не беше вброена меѓу главните кандидати. Ветувањата на блиската соработничка на германската канцеларка Ангела Меркел се поамбициозни цели за намалување на емисиите на јаглеродниот диоксид, фискална полицика ориентирана на развој и зголемување на таксите на големите технолошки компании.

Таа исто така вети дека ќе создаде дополнителни сеопфатни механизми за имплементација на европското владеење на правото кои вклучуваат годишни извештаи, справување со мигрантите и поставување на минималната плата за работниците во ЕУ.

InterServer Web Hosting and VPS