Ќерката на Рос и Рејчел од „Пријатели“ наполни 18 години – погледнете како изгледа денес

„Претпоставуваме дека конечно ќе добие порака од Моника и Чендлер, а ѝ честиташе и „Нетфликс“ на социјалната мрежа Твитер“.

Сите оние кои што ја следеле култната серија „Пријатели“, а малкумина од оние кои не ја следеле, добро знаат дека ликот на малата Ема Гелер Грин е ќерка на Рејчел и Рос, односно Џенифер Анистон и Дејвид Швимер.

„4-ти април е роденденот на Ема Гелер Грин, па претпоставуваме дека конечно ќе добие роденденска порака од Моника и Чендлер“ – стои во објавата.

За сите оние на кои што не им е познато, станува збор за епизодата „The One With Cake“, во која што Моника и Чендлер снимија порака на денот кога на Ема ѝ беше првиот роденден, а која што треба да ја добие оваа година, 2020-та.

„Здраво Ема, 2020-та година е. Дали сè уште уживаш во своето спиење? Ние сме вујна Моника и вујко Чендлер. Можеби не нè познаваш, затоа што не зборувавме со твоите родители 17 години и сè остана неразјаснето. Поради тебе! Среќен роденден“ – порачале тие.

Ема, во серијата „Пријатели“ ја играа близначките Ноел и Кеми Шелдон.

Да ве потсетиме, специјалната епизода од серијата „Пријатели“ која што требаше повторно да ја собери целата екипа на едно место, откажана е поради коронавирусот.

InterServer Web Hosting and VPS