Британскиот премиер се уште е на интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина ноќта на интензивна нега во една централна лондонска болница, откако се влошија неговите симптоми на коронавирусот. Даунинг стрит објави дека Џонсон бил пренесен по совет на неговиот медицински тим и му била укажана „одлична грижа”. Претходно Џонсон побарал од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“. Премиерот Џонсон беше примен во болницата „Свети Томас“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

Кралицата Елизабета е информирана за здравјето на премиерот, пренесува Бакингемската палата. Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за Џонсон.

InterServer Web Hosting and VPS