Де Јонг за дебитантската сезона во Барса: Можам да играм подобро

PARTIDO DE LIGA ENTRE EL REAL MADRID Y EL FC BARCELONA

Фудбалерот од средниот ред Френки де Јонг зборуваше за својата прва сезона во Барселона.

– Мојот најдобар натпревар допрва треба да дојде, но во моментот ова е можеби победата дома против Дортмунд со 3:0. И покрај фактот дека ова е моја деби сезона, јас имам многу добри настапи и многу сум среќен. Сепак, знам дека би можел да играм подобро и во иднина ќе го покажам тоа. Сите играчи што ги имаме се навистина добри. Посебно ме изненади Фати, бидејќи не го познавам. Тој е многу квалитетен, рече Де Јонг.

Дваесет и двегодишниот Де Јонг во Барселона дојде од Ајакс.

InterServer Web Hosting and VPS