Чартер лет од Лондон за враќање на македонски државјани од Обединетото Кралство

Со авионски превоз Лондон-Скопје организиран од Владата, денеска попладне во земјaва треба да се врати нова група наши државјани кои се затекнати во Велика Британија.

Бројот на граѓаните кои се пријавиле на повикот на МНР да допатуваат со чартер летот ќе биде соопштен непосредно пред полетувањето. Тие при влез во авионот ќе треба да потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на нашата земја да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Според податоците на Министерството за надворешни работи, досега во земјава се вратени вкупно 2.207 македонски државјани.

InterServer Web Hosting and VPS