Раниери: Играњето пред празни трибини е смрт

Тренерот на Сампдорија смета дека фудбал во Италија не треба да се игра додека нема поволна клима за натпревари со публика, но доколку нема друг избор, ќе го проголта тоа.

Токму во тимот на Раниери имаше неколкумина заразени играчи минатиот месец. Веќе сите се излекувани откако последните тестови излегоа негативни,

„Се соочивме со невидлив непријател против кој не знаеме како да се бориме. Се смирив слушајќи ги мирните гласови на моите играчи и нивните приказни. Сите имаа ниска температира и без проблеми со дишењето. Луѓето треба да се смират. Владата може да вели дека ќе продолжиме да играме или не, но докторите се оние кои го имаат последниот збор“, раскажува Клаудио Раниери.

Тренерот кој на Лестер му ја донесе историската титула во Премиер лигата пред неколку сезони, од октомври е на клупата на клубот од Џенова со кој се бори за опстанок.

„Се зборува за одржување натпревари на неутрален терен, со исклучок на некои региони. Не се согласувам со тоа: или играме насекаде, или не играме никаде. Играњето зад затворени врати не е фудбал, тоа е смрт. Но, доколку тоа е единствениот начин за да играме, ќе го прифатиме“, вели 68-годишниот стратег.

InterServer Web Hosting and VPS