Касиљас има план за спас на сезоната и за Лигата на шампиони

Коронавирус го „замрзна“ спортот во целиот свет. Засега Белорусија е единствената земја во која животот се одвива нормално. Се чини фудбалот е најмногу погоден, тимовите гурбат милиони, клубовите се принудени да ги намалат платите на играчите, дел мораа да згаснат.

Челниците на УЕФА и ФИФА бараат решение како да продолжат првенствата чим има услови за истите. На нивна адреса доаѓаат бројни предлози, еден од нив е на Икер Касиљас.

„Како да се најде решение за одигрување? Се откажува ли сезоната? Дали ќе заврши во оваа година? Ако се биде како што треба, мојот предлог е сезоната да почне да се игра за три до четири месеци. Сезоната да продолжи нормално, куповите и Лигата на шампиони, а финалето во ЛШ и ЛЕ да се одигра во декември. Светското првенство е во 2022 година. Прилагодете се“, пиша Касиљас.

InterServer Web Hosting and VPS