Владата дозволи дежурни маркети во Куманово да носат нарачки за време на полициски час

Куманово, 4 април – Општинскиот штаб побара и Владата преку истиот ден дозволи супермаркетите во Куманово да испорачат храна и други артикли за сите граѓани кои до почетокот на полицискиот час не успеаа да се снабдат доволно. По оваа одлука, неколку супермаркети во Кумамово веќе се пријавија, а општинскиот штаб ги објави имињата на маркетите и телефонските броеви каде граѓаните ќе можат да нарачуваат.

Тие супермаркети и продавници со свој сервис ќе ја испраќат храната до домашна адреса на заинтересираните граѓани. Утре во Куманово дежурни маркети за набавка и достава на потребните намирници ке бидат:

Ацидо Ком маркети 078311077 и 078352669

Ќошар ДООЕЛ Куманово 078258607 и 078258708

Елида 031419521

Јахи Маркет ДООЕЛ с.Черкези 070467311

ДТГМУ Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје 071340742, 071340963, 070358500, 072256100, 071285386, 070299507

Подетални информации околу набавка и достава ќе Ви дадат самите фирми. Сите останати фирми, кои се подготвени и имаат желба да се вклучат во оваа акција, ги повикуваме да не контактираат на е-маил адресата info@kumanovo.gov.mk и телефонскиот број 078/365-061, за да ги искординираме понатамошните активности во врска со оваа акција, информираат од општина Куманово.

InterServer Web Hosting and VPS