Facebook ја објави десктоп апликацијата Messenger (ВИДЕО)

Facebook Messenger е една од најпопуларните апликации за онлајн комуникација, која овие денови се користи повеќе од вообичаеното. Facebook сега ја објави и десктоп верзијата на својата попуалрна апликација.

Messenger е веќе достапен на голем број платформи, вклучувајќи ги и веб-прегледниците, а луѓето го користат за видео повици и текстуална комуникација. Facebook ја објавува изворната десктоп апликација за Windows и macOS со цел дополнително да го подобри корисничкото искуство.

Десктоп апликацијата ги има сите функции кои се очекуваат од ваков сервис: групни видео повици, размена на текстуални пораки, десктоп известувања, синхронизација на разговорот на различните уреди, темен режим, GIF-ови, стикери, емотикони и друго.

https://www.facebook.com/watch/?v=237772287272154

Facebook Messenger за десктоп е достапен во Microsoft Store и Mac App Store продавниците за апликации.

InterServer Web Hosting and VPS