Владата со одлука за нова забрана за движење во Куманово од вечерва од 21 до понеделник до 05 часот

Скопје, 3 април – Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, односно целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот вечерва до 05:00 часот во понеделник на 6 април 2020 година. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Како што наведуваат од владината прес-служба во соопштение, во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи во периодот од 16:00 до 05:00 часот секој ден.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

InterServer Web Hosting and VPS