Во Црна Гора 160 лица инфицирани со коронавирус, 40 се заразиле на погреб

epa08255121 Troops set up makeshift partitions and beds at the Armed Forces Hospital in Daegu, South Korea, 28 February 2020. The extra beds are being prepared to cope with the spike in patients testing positive for the novel coronavirus in the city. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Во Црна Гора денеска се потврдени уште 16 случаи на коронавирус, со што бројот на пациенти достигна 160, при што најголем број од новите случаи – 10 се во Подгорица.

„Само еден погреб во Улцињ резултира со 40 заразени. Непочитувањето на мерката да се оди од еден во друг град резултира во кластер што го имаме во едно село“, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, на редовната прес-конференција за новинари.

Тој изјави дека непочитувањето на предлогот да не се одржуваат масовни собири, како што е верскиот собир во Дољани, доведе до многубројни заразени лица.

InterServer Web Hosting and VPS