Германскиот министер за здравство: Лекот за коронавирусот ќе се појави пред вакцината

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изрази надеж дека наскоро ќе може да се користат лекови со насочено девјство, бидејќи како што вели, во секој случај на пазарот се појавува прво лекот, а потоа вакцината.

„Постојат први назнаки дека одредени лекови помагаат“, рекол тој, но наведува дека би требало да се спроведе и студија најбрзо што може.

Тој укажа дека мора да се води сметка и за њуспојави, бидејќи речиси секој лек ги има.

Шпан укажа дека во Германија има спроведено неколку студии досега, меѓу кои и за стариот лек против маларија.

„Развој на вакцина е предизвик. Лекот против маларија го знаеме веќе со години. Тука се знаат делувањето и њуспојавите, рекол Шпан и додал дека сега мора да се знализира за лечење на коронавирусот.

Кога станува збор за вакцина, се зборува за повеќе месеци, а не само неколку.

„Би би,л најсреќен министер за здравство ако за 3 до 6 месеци имаме вакцина. Но сепак сум реален и доволно експрети ме советува дека тоа може да трае и до 12 месеци, па затоа не смееме да будиме лажна надеж“ рекол Шпан.

„Баер„ вели дека Европа треба да создаде можности за производство на хлорокин, што може да биде важно во борбата против коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS