Шпанците наместо тоалетна хартија прават резерви на вино, пиво и чоколадо

Тоалетната хартија веќе не е проблем. Шпанските продавници се преполни со нив. Наместо тоа, Шпанците панично купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколадо, или едноставно повеќе ги консумираат, пишува ДПА.

Ова го покажуваат податоците од пазарот во време кога цела Шпанија е во изолација од 15 март.

Шпанците купиле 80 проценти повеќе пиво и 60 проценти повеќе вино во изминатата недела во однос на претходната недела, се вели во извештајот на Инфоретаил, пишува Ел Паис.

Маслинките се чини дека се уште попопуларни, при што нивната продажба скокнала за 94 проценти.

Чипс, чоколадо, сладолед и инчуни исто така исчезнуваат од полиците и нивната продажба е зголемена од 76 на 87 проценти.

Шпанците кои инаку се дружат по кафулиња, барови и други места на отворено, сега направија свои домашни барови, пренесува шпанскиот весник Ел Паис.

Психологот Олга Кастанер овие промени ги припишува на вознемиреноста предизвикана од епидемијата на вирусот и новите ограничувања во движењето.

„Кога сте под стрес, не јадете стек. Во оваа ситуација, телото копнее по шеќери и маснотии“, вели Кастанер за Ел Паис.

Таа признава дека ќе се сретне со пријатели преку Скајп за да се напијат пиво.

InterServer Web Hosting and VPS